Ракометарите на Флензбург запишаа победа во последниот натпревар од групната фаза над Киелце од 27-30 (17-19), со што заврши на првата позиција во групата А каде што играше и Вардар. Со поразот, полскиот ракометен колектив ќе заврши на третото место, со што ќе оди на мегдан со Нант и Кире Лазаров во осминафиналето.