Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, ќе ги пропушти двете средби против Хрватска од баражот за пласман на Мундијалот во Германија и Данска. Тој му најавил на селекторот Драган Ѓукиќ дека во моментов не сака да игра за националниот тим.
Хрватската ракометна репрезентација под палката на Лино Червар го имаше својот прв собир во Загреб и замина за Осијек каде ќе се подготвува за баражот против селекцијата на Црна Гора.
Хрватскиот селектор Лино Червар го скрати поширокиот список од 30 ракометари и одбра 20 на кои ќе смета за бараж двомечот со Црна Гора. Победникот од овој двобој ќе обезбеди место на Светското првенство во Германија и Данска.
Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, се најде на поширокиот список на ракометари што денес го објави селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ. Противник на Црна Гора ќе биде Хрватска во бараж двомечот за пласман на Мундијалот во Германија и Данска.
Хрватскиот селектор Лино Червар го објави поширокиот список од 30 ракометари, на кои ќе смета за бараж двомечот со Црна Гора. Победникот од овој двобој ќе обезбеди место на Светското првенство во Германија и Данска.
Црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ нема да смета на услугите на левиот бек на Вардар, Вуко Борозан за претстојната ЕХФ недела од 2 до 8 април. Тој повика 20 играчи за двете пријателски средби против селекцијата на Босна и Херцеговина, кои ќе се одиграат во Подгорица.
Веселин Вујовиќ успеа да ги надмине шпекулациите и притисокот и словенечката репрезентација со победа над Црна Гора се пласира меѓу 12-те најдобри. Црногорскиот стручњак потоа се осврна на новинарско прашање на Gol.mk дали пред почетокот на турнирот веруваше дека Македонија ќе биде на врвот, а Германија нема да победи ни една од селекциите кои од групата Ц продолжуваат на турнирот.
Словенечката ракометна репрезентација е последниот патник во втората фаза на ракометното Европско првенство (ЕП,) кое се игра во Хрватска, откако во доминантен дуел во загрепска „Арена“ славеше над Црна Гора (19-28).
Денес, со почеток од 20.30 часот, Словенија и Црна Гора треба да го одиграат последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство (ЕП) во Хрватска. Но, постои една дилема пред натпреварот, а тоа е дали истиот воопшто ќе се одигра.
Македонската ракометна репрезентација синоќа ја извојува втората победа на Европското првенство во Хрватска и го запиша најдобриот старт во својата историја на континенталните собири. Пред момците на Раул Гонзалез падна жилавата Црна Гора, која одигра квалитетен меч, но во клучните моменти остана без решение за расположените македонски ракометари.
Репрезентацијата на Црна Гора доживеа пораз од Македонија и ги намали шансите за плсаман во наредната фаза на Европското првенство, а по дуелот во Загреб разочаран беше Стеван Вујовиќ, кој беше еден од најдобрите поединци на тимот, но не ја круниса добрата партија со успех.
Ако минатата година се пофали со рекордите на Вардар, во новата Раул Гонзалез започна да реди достигнувања со македонската репрезентација. Шпанскиот стратег ги предводеше нашите момци во втор последователен триумф на континенталниот собир, нешто што не му успеало на ниту еден негов претходник.
Македонската ракометна репрезентација со нов триумф ја израдува нацијата. Нашите момци во вториот настап на Европското првенство во Хрватска славеа минимална, но заслужена победа над Црна Гора (28-29) и обезбедија пласман во втората групна фаза која ќе се одржи во Вараждин.
Ако џокерот против Словенија беше Филип Лазаров, против Црна Гора во таа улога се најде Филип Кузмановски. Ракометарот на Металург постигна клучни голови и ја презеде одговорноста кога најмногу требаше.
Репрезентацијата на Македонија го бележи најдобриот старт на големите натпреварувања, со две победи на два натпревари. По Словенија, пред тимот на Раул падна и Црна Гора. И таа е совладана минимално, но двата бода се слатки затоа што со нив се „чекира“ наредната фаза која се игра во Вараждин. Следниот дуел на македонските ракометари се игра за два дена и ќе биде последен од првата фаза и во истиот „црвено-жолтите“ ќе се борат за првото место во групата со Германија.
Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов покажаа зошто се незаменливи во дресот на Македонија и уште еднаш потврдија како треба да се игра кога се работи за националниот тим и големите натпреварувања.
И вториот натпревар во Загреб не помина баш најдобро за нашите голмани. Но, и покрај тоа Македонија победи и со максимални четири бода гордо стои на врвот на групата Ц.
Пак треперевме до последен момент и пак со хепи-енд завршивме една европска приказна. Македонија ја совлада Црна Гора и покажа дека има карактер до небо, откако втор натпревар по ред добива со подобро второ од прво полувреме (28-27).
Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата посакувана замисла и со триумф над Црна Гора се пласира во наредната фаза на Европското првенство. По триумфот, падна и првото славеничко „селфи“ во соблекувалната, на чело со Филип Кузмановски, кој беше МВП на натпреварот.