Најважниот натпревар на оваа репрезентација, сочинувана од неколку генерации македонски ракометари, е денешниот во Букурешт. Залихата од осум гола е голема, но само ако се пријде на натпреварот рационално и смирено, а не брзоплетно и калкулантски. Затоа улогата на ракометари како Лазаров, Стоилов, Митревски, Миркуловски, Георгиевски, Ојлески на овој натпревар е одлучувачка.