Веројатно од последното Европско првенство во Австрија, Шведска и Данска мораме да го промениме „чипот во главата“ и да се преориентираме со нашите очекувања од големите приредби. Не сме ни блиску до изграден и зрел национален тим, па не е коректно ни да го споредуваме со оној од Србија 2012, Катар 2015 или Хрватска 2018 година. Тоа мора да ни биде појдовна точка и во Египет, на овој за нас неочекуван Мундијал, и на следните големи приредби.