Ракометарките на ЦСКА Москва загубија од екипата на Ѓер во рамките на 12. коло на Лигата на шампионките со 23-27 (13-15). Натпреварот кој се одигра во главниот град на Русија понуди неизвесност во првиот дел, но Унгарките одиграа подобро во завршницата. Иако Ѓер е веќе во следната фаза, не дозволи кикс и остана максимален со 12 победи во групата Б.