Ракометарките на Мец по големата победа над Вардар, загубија од ФТЦ со 29-27, но го задржаа второто место на табелата. Унгарките сега имаат полош меѓусебен скор со францускиот претставник, па иако има уште едно коло до крајот, најверојатно ќе завршат на третото место во групата 2. Тоа сепак не значи некоја предност, бидејќи Мец и ФТЦ ќе играат против ЦСМ Букурешт или Ростов.