Физички импресионантно изгледаат ракометарите на Тунис. Големи, мускулести, моќни и знаат да играат ракомет. Навидум тоа е изменета селекција од онаа која ја декласиравме во Доха пред 15 месеци. Против Чиле, кој е аутсајдер во Гдањск, но не толку голем како што на моменти изгледаше, туниските ракометари триумфираа со 29-35 . Растот на Жалуз и разноврсната игра во напад се главните новини кои денес ги видовме во селекцијата на африканскиот вицешампион. Секако најголема врлина за нивниот селектор е тоа што не се ни заморија пред можеби клучниот меч со Македонија утревечер.