Репрезентацијата на Тунис во ракомет, која ги уништи нашите надежи за пласман на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро, потврди дека има квалитет да се најде меѓу 12-те селекции кои се борат за олимпиското злато. По одличниот настап против Франција и лошиот меч со Данска, Тунис се врати во ритам и имаше победа в раце против светскиот вицешампион Катар. Сепак со голот на Малаш со звукот на сирената Катар извлече реми, 25-25 (12-11).