Ракометната репрезентација на Македонија одигра прв дел полн со осцилации против Тунис, но, сепак, има егал натпревар (14-16). Ситуацијата можеше да биде доста лоша ако работите се одвиваа како на стартот, кога африканската селекција отвори со 0-5, меѓутоа Митревски, Манасков и Кузмановски беа одлични кога беше најпотребно и затоа ракометарите имаат егал-меч.