Ракометарите на Македонија ја запишаа втората убедлива победа во Президент Купот на Мундијалот, откако денес во „Орлен Арената“ го декласира Мароко со 40-25 (18-12). Избраниците на Кирил Лазаров одиграа речиси перфектен натпревар, ги користеа противничките грешки, дадоа многу голови по контри и во целост ја оправдаа фаворитската улога на овој натпревар.
Ракометарите на Македонија одиграа одлично полувреме и со 18-12 водат против Мароко, во рамките на третото коло на Президент купот во Плоцк. Избраниците на Кирил Лазаров одговорија на задачите, дури и по промената на одбраната на противникот, ги казнија сите грешки и заслужено водат и чекорат кон триумф.
Ракометното Светско првенство дојде до крајот на групната фаза, а со тоа се комплетираше костурот за групите во главната рунда. Во последното трето коло според планот одиграа балканските тимови Хрватска и Србија.
Минатата година заврши со спектакуларен фудбалски Мунадијал во Катар, а новата, 2023 година, започнува со уште едно големо планетарно натпреварување – Светското ракометно првенство, кое што ќе се одржи во Шведска и Полска.
Ждрепката посака да спои четири репрезентации од два континента во групата Ф, на Светското првенство (СП) кое стартува и се игра во Египет, а европските селекции Португалија и Исланд имаат голема предност за првите две места на табелата, пред Алжир и Мароко.
Светската фудбалска федерација ќе го додели домаќинството на Светското првенство во 2026 година, ден пред стартот на претстојниот Мундијал во Русија. Кандидати за првиот собир на 48 репрезентации се Мароко, САД во заедничка организација со Канада и Мексико.