Хрватската ракометна репрезентација ја запиша и шестата победа на Европското првенство, откако попладнево на отворањето на 11-от ден од натпреварувањето, ја совлада Чешка во Виена со 22-21 (11-9). Червар настапи без Шего, Циндриќ, Карачиќ, Хорват, а малку ги користеше и Дувњак и Степанчиќ.