Денес се крева завесата на Европското ракометно првенство за дами, на кое еден од домаќините е и Македонија. Сепак, нашата група стартува в сабота, а на првиот натпреварувачки ден ќе се игра во Целје и Љубљана. Групата Б (Целје) ќе понуди интересна битка за врвот, бидејќи ќе биде составена од две скандинавски и две балкански селекции.