Капитенот на женската ракометна репрезентација на Србија, Катарина Крпеш-Шлезак, одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера и повеќе нема да игра за националниот тим. Таа помина долг период во дресот со државниот грб, од 2008 година, кога првпат го носеше дресот на големите натпреварувања. Катарина беше дел од генерацијата чиј зенит е финалето на Светското првенство во Белград, но нејзините настапи на Европското првенство 2018 гофина исто така ќе бидат добро запаметени, кога беше голгетер на шампионатот.