Ракометната репрезентација на Македонија и по пет одиграни кола е без победа во ЕХФ Еврокупот, затоа што во Скопје доживеа пораз од големиот фаворит Норвешка (18-24) и продолжи со поразите, по два претходно впишани од Словенија и Црна Гора. Норвежанките дојдоа во главниот град на Македонија со изменет состав, фалеа шест од главните првотимки, но, сепак, имаа квалитетни имиња во тимот. Македонија не се посрамоти во оваа средба и даде достоен отпор, ама искуството и техничките грешки во клучните моменти го сторија своето. Нашата селекција ја чека уште еден натпревар со олимпискиот првак кој ќе се игра на гостински терен.