Македонија

Primary tabs

  • Ново реми во Словенија и добри вибрации за момците на Обрван

    И во вториот пријателски натпревар, Словенија и Македонија ремизираа во подготовките за европското првенство во Полска (23-23). Во салата во Целје овој пат Словенија спасуваше реми, откако на 8 минути до крајот, Македонија водеше со 23-20. Мечот почна со цврсти одбрани и добар влез за нашите ракометари кои со голот на Костески поведоа со 0-1. Филип Лазаров исто така добро го отвори мечот, но по 1-3, следеше мини-серија на словенечките ракометари кои поведоа со 5-4 со головите на Кавтичник и Бомбач. Македонија одговори со првиот гол на Кирил Лазаров и на брзите крила и при 8-10, Веселин Вујовиќ побара тајм-аут. Словенечките ракометари ги средија своите редови и со головите на Бомбач во финишот на првиот дел обезбедија минимална предност (13-12). 

  • ЕХФ Медија тимот не верува во Македонија: Лазаров е заканата, но пак се аутсајдери

    Медија тимот на ЕХФ не верува многу во можностите на македонската ракометна репрезентација на европското првенство во Полска. „Ако Лазаров не е во форма, Македонија е аутсајдер во групата А во Краков“, се вели во претставувањето на четири селекции од првата и можеби најсилна група на шампионатот. Организаторот и бубмејкерите не веруваат многу во момците на Ивица Обрван и можеби таа улога на аутсајдер може да биде добредојдена за нашите репрезентативци. 

  • Лазаров извлече реми во Кршко против Словенија

    Македонската ракометна репрезентација ремизираше 28-28 (13-10) во Кршко со Словенија на Веселин Вујовиќ во првиот од двата контролни натпревари во подготвителниот период за Европското првенство во Полска. Нашите ракометари покажаа карактер и во финишот се вратија од безизлезна ситуација да извлечат нерешен резултат со незгодната и квалитетна Словенија. 

  • Влатко Митков е најдобар десен бек во австриското првенство

    Македонскиот репрезентативец, Влатко Митков, игра во неверојатна форма за својата екипа од австриското првенство, Медикал Кремс. Тој беше избран за најдобар десен бек, во првата полусезона од ракометната лига во Австрија.

  • Обрван и избраниците го одработија првиот тренинг во Словенија

    Во рамките на подготвителниот период, денес репрезентативците на Македонија го одработија првиот тренинг во Словенија.

  • Обрван ги изостави Даскаловски и Велковски за дуелите со Словенија

    Започна вториот дел од подготовките на македонската ракометна репрезентација за Европското првенство во Полска. Откако Ивица Обрван одлучи да скрати двајца ракометари од составот, нашата репрезентација ќе замине на првите контролни натпревари против селекцијата на Словенија со 21 ракометар.

  • Обрван ги помилува Велковски и Дупјачанец

    Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван им даде втора шанса на ракометарите кои беа казнети од неговиот помошник, Данило Брестовац во средата.

  • Селекторот Обрван и репрезентативците на Македонија Европско Првенство

    Вистинските подготовки ракометарите ги започнаа утрово

    Без разлика што една недела тренираат некомплетни под водство на помошникот, Данило Брестовац, македонските ракометари од денес се комплетни и водени од Обрван влегуваат во централната фаза на подготовки за европското првенство во Полска. Сите се во очекување на Ацо Јоновски, кој синоќа играше меч со Кил во Бундеслигата и вечерва ќе пристигне во Скопје, а од утре ќе биде со репрезентативците. Со него групата ќе биде комплетна, откако утрово за прв пат се приклучија Кире Лазаров, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и селекторот Обрван. Следува главната физичка и тактичка фаза, која ќе биде кратко прекината заради новогодишните празници, а потоа следува кратката словенечка турнеја и двата меча против „змајчеките“ на Веселин Вујовиќ. 

  • Обрван: Стојам зад одлуките на Брестовац, суспензиите остануваат!

    По една недела пауза заради клупските обврски во Шамбери, селекторот Ивица Обрван од денес пак е на своето работно место и ги потврди одлуките на неговиот помошник по повод случајот Дупјачанец - Велковски. Обрван најави и кога треба да ги очекуваме сите патници за Краков.

  • Брестовац: Противниците за тест мечевите не се случајно бирани

    Вчера ракометарите го имаа првиот собир и заеднички ручек, а од денес иако некомплетни ќе ги започнат подготовките за европското првенство во Полска. Пред големата приредба ќе следи и последен филтер од кој ќе испаднат неколку ракометари. Младиот Филип Талевски се надева дека за прв пат ќе биде во ростерот за едно големо натпреварување и дека ќе има можност да ја почувствува атмосферата на едно европско првенство.

  • Македонските ракометари ја почнаа „операцијата Краков“

    Само што заврши клупската полусезона кај нас, започнува репрезентативната. Денес во хотелот „Русија“ Ивица Обрван го направи собирот со кој е означен стартот на подготовките на репрезентативците кои ќе се подготвуваат за европското првенство во Полска (15. - 31. јануари 2016 година). Обрван дури кон крајот на неделата ќе ги има сите повикани ракометари на списокот, со оглед на тоа што тројцата интернационалци од Бундеслигата имаат обврски и оваа недела, како и Кире Лазаров кој штотуку се врати од Шпанија каде го освои АСОБАЛ Купот.

  • Црна Гора ќе ги тестира нашите ракометари пред Полска

    Македонската машка ракометна репрезентација на два пати ќе спарингува со Црна Гора пред почетокот на европското првенство во Полска. На 10. и 11. јануари во Скопје нашата селекција со една од најцврстите селекции и тим коиј налииува на стилот на Србиј, ќе оидгра два теста.

  • Обрван го повика Дупјачанец, а не Ангелов за ЕП во Полска

    Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, објави список од 28 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за настап на Европското ракометно првенство во Полска во јануари следната година.

  • Подмладената Македонија премногу грешеше, па стигна очекуван пораз од Хрватска

    Очекувано. Хрватска ја совлада Македонија во првиот натпревар од Кроација Купот во Умаг со 29-21 (17-12). Со многу изменети состави и Хрватска и Македонија се претставија во офанзивно издание и во првиот дел паднаа дури 29 гола. Кирил Лазаров до некаде парираше, но поквалитетниот домашен состав постојано имаше 4-5 гола разлика. 

  • Димитровски повикан на местото на Никола Маркоски

    29-годишниот кружен напаѓач на Пелистер, Васко Димитровски е повикан во репрезентацијата на Македонија на испразнетата позиција на по повредата на Никола Маркоски. Битолчанецот ќе добие шанса за докажување против Хрватска и Црна Гора.

  • Петрески ќе му помага на Обрван во Умаг

    Поранешниот македонски репрезентативец, а сега тренер на Прилеп, Томче Петрески ќе го замени Данило Брестовац на позицијата помошник тренер во националниот тим.

Pages