Женската ракометна репрезентација на Франција првпат стана европски првак, откако по три бронзи, конечно се искачи на врвот на континенталниот собир. Во финалето во Париз, домашната селекција ја совлада Русија со 24-21 (13-12) и ги обедини и светската и европската круна. Овој триумф е своевиден реванш за поразот во групната фаза во Нанси.