Еден од најценетите тренери во женскиот ракомет, пронајде нова работна средина. Поранешниот селектор на женската репрезентација на Полска, сега ќе го води полскиот шампион, Селгрос Лублин. Данскиот стручњак, Ким Расмусен, кој своевремено работеше и во ЖРК Вардар, на социјалните медиуми откри дека веќе го потпишал договорот со клубот од Лублин.