Еурофарм Пелистер руши рекорди и пет последователни европски натпревари не знае за пораз, што никогаш не се случило во групна фаза на едно од европските натпреварувања. Победен е Спортинг со 31-25 и со камата му е наплатена испуштената можност за полн плен пред седум дена во Португалија. Бабиќ ја пронајде вистинската хемија, тимот дише како еден и победува со евидентна тимска игра, која ги исфрла индивидуалците. Ако вака продолжат пелистерци во Европа имаат што да кажат и напролет.