Групната фаза на Лигата на шампионите дојде до самиот крај. Со последните натпревари, дојде и до крајната разврска. Екипата на Висла Плок со победата успеа да го прескокне ППД Загреб и да го фати последното нокаут место, а Магдебург не дозволи изненадување и ќе игра директно во четвртфинале.
Нема ни грам сомнеж во квалитетот и формата на Никола Митревски. Единствениот македонски ракометар во Лигата на шампионите го украде шоуто во победата на неговиот Порто против романскиот првак Динамо Букурешт со 32-23.
Ракометарите на Порто ја запишаа првата сезонска победа во Лигата на шампионите со 32-23 (14-13), против Динамо Букурешт на домашен терен. Натпреварот од 11. коло на елитното натрпеварување во целост им припадна на португалските ракометари кои конечно го почувствуваа вкусот на победата.
Екипата на Веспрем ги изненади фановите и одигра реми (31-31) на гостувањето кај Динамо Букурешт во рамки на десеттата рунда од ракометната Лига на шампиони.
Екипата на Динамо Букурешт ја продолжи добрата низа во Лигата на шампионите, со победа над Висла Плок (26-28) во рамки на осмата рунда во ракометната елита.
Екипата на Динамо Букурешт забележа херојска победа на гостувањето кај ППД Загреб (28-29) во рамки од петтото коло во Лигата на шампионите. Романскиот тим речиси цел натпревар бркаше негатива, но во самиот финиш беше повеќе концентриран и со погодок од пенал по истекот на времето се избори за големи два бода.
По поразот од Веспрем, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, еден од кандидатите за трофејот во елитата, Пари Сен Жермен, ја запиша четвртата победа во низа, откако на гости кај Динамо Букурешт славеше со убедливи 29-36.
Ракометарите на Порто запишаа уште еден пораз во новата сезона во Лигата на шампионите. Пред португалскиот шампион нови бодови освои тимот на Динамо Букурешт, во натпревар во кој нашиот Никола Митревски одново имаше одличен настап.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше одлична партија, меѓутоа ниту тоа не му помогна на Порто да не загуби кај Динамо Букурешт (32-27).
Веќе од поодамна е познато дека Дејан Манасков, еден од најдобрите македонски ракометари, по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти тимот на Веспрем, но сè уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Динамо Букурешт сериозно работи на засилување на ростерот на Чави Пасквал, со цел да се направи европски успех. Клубот од Романија има буџет од околу четири милиони евра за следната сезона, веќе се засили со Зеин, Кашпарек, Акименко и Букатару.
Две звучни ракометни имиња може да влезат од следната сезона во СЕХА-лигата, откако се говори на големо дека дел од натпреварувањето ќе бидат еден клуб од Романија и еден од Русија.
ФЦСБ, на чело со Џиџи Бекали, пропушти шанса да ја намали негативата во однос на Клуж кој е лидер во шампионатот. Првиот и вториот во Лига 1 ремизираа во Букурешт, а домаќинот се спаси со гол во 90-тата минута, додека Клуж ја сочува бодовната предност од „плус десет“ и голема е шансата плејофот да го дочека на врвот.
Ракометарите на Весрпем беа убедливи на последниот настап во Лигата на шампионите. Тимот на Давид Дејвис го декласира Динамо Букурешт со неверојатни 47-32.
Унгарскиот тим Веспрем прокнижи нова убедлива победа во Лигата на шампионите. На домашен терен фаворитот славеше над Динамо Букурешт (47-32) и се зацврсти на втората позиција по девет кола.
Екипата на Флензбург впиша уште една лесна победа во Лигата на шампионите и на гости во Романија со убедливи 20-28 славеше во соочувањето со Динамо Букурешт.
Дуелот на дното на табелата во Групата Б им припадна на ракометарите на Флензбург кои на домашен терен беа подобри од Динамо Букурешт (37-30) во седмото коло од Лигата на шампионите.