Ракометарите на Металург уште немаат победа на официјален натпревар во новата сезона. Порази од Вардар во Суперкупот и во СЕХА, во регионалното натпреварување загубија и од Нексе, Мешков Брест, а ремизираа со Извиѓач, додека во Лигата на шампионите поразени се од Спортинг Лисабон.