Женскиот ракометен првак, Вардар, по кратката пауза, со дуелот против Савехов в сабота ги продолжува настапите во Лигата на шампионите. Прeдводникот на „црвено-црните", Индира Кастратовиќ, во пресрет на мечот истакна дека единствено за што размислуваат е победата.