Струга ги искористи проблемите на Металург и ја запиша четвртата сезонска победа во Суперлигата (35-21). Дуелот од 16. коло, последно годинава, беше нерамноправен, бидејќи гостите од Автокоманда допатуваа со скратен ростер и за разлика од вчерашниот дуел против Тиквеш, и без Хрватот Златко Хорват.