Преддоговорот не значи секогаш и договор, па така европскиот првак Вардар на своја кожа почувствува како од раце му е „украдено“ планираното засилување. Младиот руски репрезентативец, левиот бек Дмитри Санталов, нема да дојде во Скопје, бидејќи денес потпиша договор на три години со првакот на Белорусија, Мешков Брест.