Македонскиот ракометен шампион Вардар денес напладне ќе отпатува за Брест, каде ги започнува новите предизвици во Лигата на шампионите. Вардаровата експедиција ќе биде во насилен состав, што значи дека во тимот се враќа капитенот Стојанче Стоилов, а за Белорусија ќе летне и германскиот бек Дисингер, кој во последните неколку дена се жалеше на ситна повреда.