Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер ги заврши настапите во СЕХА лигата, откако го загуби и вториот натпревар од белорускиот гигант Мешков Брест (35-31). Битолчани по поразот на свој терен, денес се надеваа на чудо против редовниот учесник во Лигата на шампионите, но домаќинот одново покажа квалитет и заслужено патува во завршницата на регионалното натпреварување.