Македонскиот ракометен првак Вардар загуби од Мешков Брест (32-36) и со пораз во Скопје ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ финишираа на седмата позиција и го знаат ривалот. Избраниците на Алушовски завршија само пред норвешки Елверум и во осминафиналната фаза ќе вкрстат со вториот од групата А, тоа во случајов е Веспрем. Унгарскиот гигант игра во топ-форма, па сигурно дека двократниот освојувач на Лигата на шампионите кој игра далеку од своите најдобри денови го чека пеколно тешка задача. Перфектен кај победникот беше Вајлупов со 12 гола од 12 обиди, пред Скубе со седум и Паниќ со шест, а кај Вардар, Дибиров даде девет, пред Гаџа со седум гола. Вардар групната фаза ја заврши со три победи, три ремија и дури осум порази.