Екипата на Металург останува без европска победа и по седум кола во Европската лига на ЕХФ. Од Скопје со победа си замина Чеховски Медведи (32-37), втора во меѓусебните пресметки во рамки на групната фаза. Екипата од Автокоманда покажа подобра игра во однос на онаа во првиот дуел во Русија, но остана со празни раце. Гостите беа далеку подобри, ниту еднаш не стравуваа на победата, а секогаш кога Металург ќе се доближеше, следеше нова серија за враќање на високата предност на семафорот. Металург е шестопласиран, последен во групата, а во следното коло гостува кај Фајверс во Австрија, против кого го освои досега единствениот бод во Европската лига на ЕХФ (23 февруари).