Францускиот гигант ПСЖ загуби во Унгарија од ПИК Сегед со 32-29 (15-18) во рамките на 12. коло од групата А на Лигата на шампионите. Овој пораз на „светците“ на Раул Гонзалез од неговиот учител Хуан Карлос Пастор значи дека Барселона ќе биде победник во групата и директно се квалификува во четвртфиналето. Од групата Б, каде што игра Вардар, четвртфиналето на неколку кола пред крајот на групната фаза ја обезбеди бундеслигашот Кил.
Екипата на Веспрем е на прагот да направи уште еден голем трансфер, затоа што е пред ангажман на шпанскиот ракометен репрезентативец и некогашен вардарец, Хорхе Македа, пишува реномираната интернет-страница за ракомет „Хендбол планет“.
По примерот на Вардар во групата Б, еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите, француски ПСЖ европската авантура ја започна со две победи во групата А. Екипата на Раул Гонзалез го совлада унгарскиот вицешампион ПИК Сегед со 30-25 (16-14) и заедно со Алборг и Флензбург се искачи на врвот на табелата.
Светскиот шампион Барселона со пораз ја почна новата сезона во Лигата на шампионите. Барса, засилена со Лука Циндриќ, загуби во Унгарија од ПИК Сегед на Хуан Карлос Пастор со 31-28 (18-11), што е јасна опомена за екипата на Чави Пасквал.
Хрватскиот репрезентативен голман и член на ПИК Сегед, Мирко Алиловиќ, никако не може да се помири од поразот во двомечот против Вардар во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Екипата на Веспрем се врати на шампионскиот трон во Унгарија, откако во финалниот реванш меч од првенството одигра реми со ПИК Сегед (27-27) и ја одбрани високата предност од првиот меч на домашен терен.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна четири гола, вклучувајќи го и оној последниот, во убедливата победа на Веспрем над ПИК Сегед (35-24) во првото соочување од плеј-оф финалето на унгарското првенство.
Тимур Дибиров, руското крило кој е еден од ракометарите во Вардар со најдолг стаж, во интервју за интернет-страницата на руската ракометна репрезентација, зборуваше за македонскиот тим, за Ф4-турнирот и натпреварот со ПИК Сегед.
Хорхе Македа е поранешен ракометар на Вардар, но лесно го навлече гневот на навивачите на „црвено-црните“ со неговото однесување на дуелот во Сегедин, додека го носеше дресот на ПИК Сегед.
Спонтано преку социјалните мрежи фановите на Вардар се собраа пред СЦ „Јане Сандански“ да ги поздрават вардарци кои само што слетаа од Унгарија, од каде што донесоа полуфинале на Лигата на шампионите и нов пат за Келн.
Ниту перфектниот прв дел и водството од 17-9 не им беше доволно на ракометарите на ПИК Сегед да го елиминираат нашиот Вардар во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Екипата на Хуан Карлос Пастор загуби здив по одморот и Вардар, како искусна екипа, знаеше тоа да го казни.
Реваншот меѓу Вардар и ПИК Сегед заврши во полза на унгарскиот претставник, но нашиот шампион го доби двомечот и обезбеди пласман на турнирот во Келн, кој ќе го даде новиот владетел со европскиот ракомет.
Македонскиот првак Вардар успеа да ја задржи предноста од осум гола стекната на домашен терен и со пораз изразен со четири гола го елиминира ПИК Сегед на патот до завршниот турнир во Келн во Лигата на шампионите.
Не можеше да биде поперфектна првата сезона на Дејан Милосављев во Вардар. Не само што веќе никој не зборува за Штербик, туку српскиот репрезентативец веќе го споредуваат со легендарниот шпански репрезентативец.
Еден од творците на пресвртот во Сегедин беше капитенот и лидерот на генерацијата Стојанче Стоилов. Македонскиот репрезентативец постигна неколку важни голови, но најмногу со својот карактер ја подигна екипата кога најмногу требаше.