Македонскиот и европски ракометен првак Вардар во рамки на СЕХА-лигата успеа да слави над Татран Прешов (28-25), во натпревар кој беше последен за избраниците на Едуард Кокшаров на домашен терен за 2019 година. Вардарци влегоа како фаворити, но дуелот мораа да го решаваат во второто полувреме кога се извлекоа прво од незавидната ситуација, па поведоа и го приведоа дуелот во своја корист. Клучни беа и одбраните на Калифа Гедбан, кој фати вкупно осум топки, како и променатата одбрана која го запре противникот. Вардар со триумфот над Татран Прешов го осигура првото место во СЕХА-групата. Тимот завршува со осум победи и еден пораз. Втор е Мотор Запорожје, со скор 6-2, а трет е Татран Прешов со скор 5-4.