Двата македонски претставници во евро-куповите гостуваат во Франција следната недела. Ним ќе биде следен ривал на Еурофарм Пелистер, а Монпелје ќе го пречека Вардар 1961. На нашите екипи нема да им биде лесно, ќе бидат целосни аутсајдери, и заради квалитетот на ривалите, и заради гостинскиот терен, и заради многубројните проблеми со повреди и болести на битолчани и скопјани.