Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски, продолжува со одличните настапи за францускиот ракометен прволигаш Тулуз. Откако го „изрешета“ голот на ПСЖ, во дуелот од 22. коло од францускиот шампионат повторно беше најдобар поединец во својот тим во минималниот пораз од 26-24, од Данкерк.