Средниот бек на Хрватска, Лука Циндриќ, имаше одлична партија во дресот на Киелце во убедливата победа над ПСЖ (34-24). Пред реваншот, хрватскиот ракометар истакна дека победата на Вардар над ПИК Сегед и покрај сите проблеми, му дала надеж дека Киелце може да го победи ПСЖ.