Еден од најгоемите кандидати за европска титула, францускиот гигант ПСЖ ја расипа забавата во Норвешка и на отворањето на новата арена во Елверум, го совлада истоимениот домаќин со 22-25 (9-13). 12.200 гледачи видоа израмнето прво полувреме, но на почетокот од вториот дел момците на Раул Гонзалез „нагазија“ и направија недостижна разлика.