Македонскиот првак Вардар 1961 заврши голем дел од работата во креирањето на екипата за следната сезона со согласноста на Кубанецот Куни Моралес да остане уште една сезона во скопскиот суперлигаш. По првата сезона во која одлично се снајде и одигра на високо ниво во Македонија, десниот бек доби серија на понуди од клубови кои играат во евро-куповите.
Кил го одбрани домашниот терен и минимално го доби двомечот со ПСЖ (33-32). Пласманот на завршниот турнир тимот на Филип Јиха го обезбеди со еден гол разлика, по ремито на гости во првото соочување. Натпреварот одлично го водеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Кил имаше предност во текот на целиот натпревар, но на крај со реми се враќа од гостувањето кај Пари Сен Жермен (30-30) во првиот четвртфинален судир од Лигата на шампионите.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите и официјалните лица за четвртфинални дуели во Лигата на шампионите. Денес стартува оваа фаза, а најголемото дерби дефинитивно е меѓу ПСЖ и Кил.
По три последователни порази и елиминација од Европската лига, ракометарите на Нант им се вратија на победите и во пресрет на последниот месец од сезоната во францускиот шампионат, имаат најголеми шанси за вицешампионската титула и место зад новиот првак ПСЖ. Нант извојува победа на гостувањето кај Лимож со 23-31 (11-14). Алберто Ентрериос се соочи со својот иден клуб и Нант одигра многу подобар натпревар од пред една недела против Екс Прованс или од дуелот во вторникот во Магдебург.
Екипата на Нант на прагот е да испише историска сезона. Имено, клубот кој го освои Лига Купот на Франција, се пласира и во полуфиналето на Купот на Франција, а во игра е и за трофејот на ЕХФ Лига Европа.
Екипата на Пари Сен Жермен е осмиот патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите на ЕХФ. Во последниот осминафинален натпревар во елитата, ПСЖ го искористи домашниот терен, со убедливи 37-30 славеше над Елверум и закажа битка за „фајнал-фор“ со германски Кил.
Норвешкиот ракометен првак Елверум направи голем подвиг и на домашен терен успеа да извлече реми против ПСЖ (30-30) во рамки на осминафиналето од Лигата на шампионите и тоа по супериорен кам-бек во второто полувреме.
Ракометарите на Пари Сен Жермен го добија дербито со второпласираниот Нант со 34-28 (19-15), во рамките на 20. коло на Старлигата. Избраниците на Раул Гонзалез останаа максимални и ја запишаа 20. победа оваа сезона против екипата во која настапува Кирил Лазаров.
Ракометарите на Веспрем се радуваа во лудиот натпревар против ПСЖ со 39-40 (19-20), во рамките на последниот натпревар од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите. Парижани имаа шанса со триумф да го скокнат осминафиналето, ама се „сопнаа“ против Унгарците и ќе мора да разигруваат со Елверум.
Пари Сен Жермен петто коло по ред е без пораз во Лигата на шампионите. Францускиот првак дома славеше против Флензбург (33-30) и се врати на третото место во Лигата на шампионите.
Францускиот репрезентативец Елохим Пранди бил брутално нападнат за време на новогодишната прослава во еден од париските ресторани. Истата ноќ Пранди добил шест убодни рани, по што бил примен во болница во критична состојба.
Многумина очекуваа дуел на најдобрите две екипи во Франција во финалето, меѓутоа за титулата во Лига Купот ќе се борат екипите на Шамбери и на Нант, кои ги прескокнаа полуфиналните пречки на Ф4-турнирот наречени ПСЖ и Монпелје.
Ракометарите на Барселона испуштија голема шанса повторно да го „треснат“ ѕвездениот тим на Раул Гонзалез, откако во самиот финиш против ПСЖ прокоцкаа позитива од три гола и за првпат во нивните соочувања во Лигата на шампионите еден натпревар заврши без победник (28-28).