Магичниот ноември на ракометарите на Нант пренесен е и во декември, со оглед на тоа што екипата во која што настапува Кирил Лазаров запиша уште една победа, овој пат во Лига Купот на Франција. Ракометарите на Нант, во натпревар кој наликуваше на оној против Шамбери пред една недела, одиграа перфектно второ полувреме и го совладаа Данкерк на гостински терен со 20-22.