Ракометарите на Вардар славеа голема гостинска победа против тимот на Монпелје во рамките на првото коло на Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за неа беше вардаровиот голман, Дејан Милосављев. По заминувањето на неколку клучни ракометари, вардаровите навивачи најмногу стравуваа како ќе се замени Арпад Штербик, но Милосављев најавува дека Штербик брзо ќе биде заборавен.