Ракометарите на Висла Плок приредија подвиг и успеаја да одиграат нерешени 32-32 (14-18) против Нант во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Иако полскиот тим важеше за аутсајдер, а долго беше и во негатива, на крајот можеше многу лесно да победи.
Ракометарите на ГОГ Гудме ја запишаа шестата победа во групната фаза на Лигата на шампионите, откако во рамките на 12. коло ја совладаа Висла Плок со 31-24.
Дански Алборг е далеку од европскиот крем, тоа го докажа со пораз од Кил (26-30) во пресметката која требаше да биде дерби, ама беше игра на мачка и глушец во рамки на групата Б од Лигата на шампионите.
Унгарски Веспрем без многу проблеми впиша нови бодови на своето конто во Лигата на шампионите и експресно им се врати на победите по сензационалниот пораз од ППД Загреб во претходното коло. Во рамките од деветтото коло од европската ракометна елита, тимот кој минатата сезона заврши на четвртото место со убедливи 32-22 славеше над Виска Плок, во натпревар кој беше решен уште во првите триесет минути.
Еден од најдобрите млади леви бекови Сергеј Марк Косоротов, оди чекор погоре во својата кариера. Имено, 23-годишниот руски ракометар дресот на полски Висла Плок ќе го замени со тој унгарскиот Веспрем од летото 2023 година.
Екипата на Динамо Букурешт ја продолжи добрата низа во Лигата на шампионите, со победа над Висла Плок (26-28) во рамки на осмата рунда во ракометната елита.
Ракометарите на Висла Плок се закитија со бронзениот медал на завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ, откако во „малото финале“ славеа против Нексе Нашице со 27-22 (14-13). Полската екипа беше фаворит во пресрет на овој натпревар и ја оправда улогата, па успеа да триумфира во Португалија.
Португалска Бенфика е вториот патник во финалето на Европската лига на ЕХФ. „Орлите“ на Ф4-турнирот славеа над Висла Плок (19-26) и во финалето ќе го предизвикаат бундеслигашот Магдебург.
Драматичното дерби во полското првенство меѓу Висла Плок и Киелце заврши без победник (20-20). Натпреварот во 26. коло донесе жестока борба и дури четири црвени картони.
Екипата на Нексе Нашице го забележа најголемиот успех во клупската историја и се пласира на завршницата во Европската лига на ЕХФ, а таму ја чека најголемиот предизвик.
Ракометарите на Висла Плок победија на гостувањето кај Кадетен во Шафхаузен со 31-33 (18-19) во рамките на четвртфиналниот двомеч во Европската лига на ЕХФ. Во првата средба, со која се отвори оваа плеј-оф рунда, немаше изненадување и фаворитот ја оправда својата улога во Швајцарија.
Поради тоа што на претходните натпревари помеѓу двете најдобри полски екипи, Киелце и Висла Плок, имаше многу забелешки за работата на судиите, Ракометната федерација на Полска за првото овосезонско дерби одлучи да покани судии од странство.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов важат за најдобрите македонски, ако не и европски судии. Дуото со големо реноме секоја седмица има обврски на големата сцена, ги мина сите големи натпреварувања, а сега доаѓа уште еден значаен момент за нивните кариери.
Ракометарите на Рајн Некар Левен сосема заслужено го освоија бронзениот медал во Европската лига на ЕХФ, откако во мечот за третото место беа подобри од Висла Плок со 32-27 (15-12).
Магдебург и Висла Плок одиграа одличен меч во првото полуфинале од ЕХФ Европската лига во „САП Арена“ во кое на крај се радуваше германскиот тим (30-29).
Ново натпреварување и нов трофеј. Европската лига на ЕФХ е пред самиот крај. Денес и утре „САП Арената“ ќе биде центарот на ракометните случувања овој викенд, а таму три германски гиганти и еден полски тим ќе се борат да испишат историјата и да станат првите освојувачи на новиот трофеј.
Денес, во седиштето на ЕХФ во Виена беше извршена ждрепката за последната фаза од новото натпреварување Европска лига, односно познати се паровите од полуфиналните средби за Ф4 турнирот, кој ќе се игра Манхајм, Германија.
Нема веќе непобедливи во групата на Металург во Европската лига на ЕХФ. Шпански Адемар Леон на домашен терен славеше над Висла Плок (32-27) и на полскиот претставник му го нанесе првиот пораз.