Најдобриот македонски ракометар и селектор на националниот тим, Кирил Лазаров, славеше со неговиот Нант во финалето од Лига Купот на Франција и така се закити со нов трофеј по трансферот во оваа земја од редовите на Барселона.
Многумина очекуваа дуел на најдобрите две екипи во Франција во финалето, меѓутоа за титулата во Лига Купот ќе се борат екипите на Шамбери и на Нант, кои ги прескокнаа полуфиналните пречки на Ф4-турнирот наречени ПСЖ и Монпелје.
Ракометарите на Нант се пласираа во четвртфиналето на Купот во Франција, со триумфот над Шамбери од 27-24 (13-15). Нашиот капитен Кире Лазаров го водеше својот тим до победата, бидејќи беше најдобар стрелец на дуелот со седум реализации. Противникот во четвртфиналето на Купот, Нант ќе го добие по жрепката во која нема да има носители.
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во последната секунда му донесе победа на Нант против Шамбери во Франција, а тимскиот колега Сирил Думолин го пофали и истакна дека досега не видел ракометар како него.
Кирил Лазаров вторпат во неколку дена е клучна фигура на неговиот Нант. Откако ја одведе својата екипа во групната фаза на ЕХФ Купот, македонскиот десен бек синоќа беше автор на победоносниот гол на гости кај Шамбери.
Македонскиот ракометар Кирил Лазаров уште еднаш ја покажа својата големина и со погодок во последните секунди обезбеди триумф за Нант на гостувањето кај Шамбери (28-29).
Во спектакуларна недела во која се играа финалните натпревари од Купот на Франција во машка и женска конкуренција, најголемото славје го приредија ракометарите на Шамбери, кои во конкуренција на гигантите кои минатата година играат на „фајнал-фор“ турнирот во Келн, го освоија натпреварувањето.
Звучи неверојатно, но во финалето на Купот на Франција нема да играат ни ПСЖ, ни Монпелје, ни Нант. Кога се чинеше дека си го отвори патот до титулата, елиминирајќи го ПСЖ, европскиот првак Монпелје се сопна на претпоследната пречка.
Екипата на Шамбери направи изненадување и во рамки на четвртфиналето успеа пред својата публика да слави над фаворитот на хартија во чии редови настапува Кирил Лазаров, екипата на Нант (36-33).
Ракометарите на Нант славеа важна победа во францускиот шампионат, откако во рамките на 14. коло го совладаа Шамбери со 24-26 и се вратија на втората позиција со бод повеќе од Монпелје, а три помалку од лидерот ПСЖ.
Ракометарите на Нант го претрпеа првиот сезонски пораз во француското првенство и го предадоа врвот на табелата. Европскиот вицешампион во директен дуел со екипата која исто така перфектно го започна шампионатот, загуби со 29-33.
Ракометарите на ПСЖ се нови шампиони на Франција, откако во последното коло од францускиот шампионат го совладаа Шамбери со 30-26 (15-12-) и поради подобриот скор со Монпелје ја освоија новата титула. За тимот од Париз, новата титула е вкупно четврта по ред или петта во нивната историја, а далеку напред е Монпелје со 14 трофеи.
Ракометарите на Нант, во рамките на 25. коло од францускиот шампионат, на гости го совладаа Шамбери со 25-29 (10-17) и ја потврдија третата позиција. И на денешниот натпревар повторно одлично одигра нашиот Кирил Лазаров, кој запиша шест гола, од кои пет од пенал без промашување.
Три германски и една француска екипа ќе играат на завршниот турнир на ЕХФ Купот, кој за три недели ќе се одржи во Гепинген. Најголемиот подвиг на возвратните натпревари од четвртфиналето го приреди Фуксе Берлин, кој пред своите гледачи надополни осум гола и славеше против Нексе Нашице со 25-16.
ПСЖ и Ним ќе играат во финалето на францускиот ракометен Куп, титула која минатата година ја освои Нант. Во полуфиналните натпревари „светците“ од Париз ја оправдаа улогата на фаворит и го победија Шамбери на Ивица Обрван на гостински терен со 24-27.
Ракометарите на Нант и ПСЖ не се сретнаа во полуфиналето на Купот на Франција и големи се шансите да играат за титулата. Лазаров и другарите на 15 април пред своите гледачи ќе се сретнат со лидерот во шампионатот Монпелје. Се игра само еден натпревар, а победникот ќе се пласира во мајското финале во Париз.
Денес со одигрувањето на четврфтиналните натпревари од Купот на Франција, познати се сите полуфиналисти кои ќе се сретнат меѓусебе на 14 и 15 април. Така, Кире Лазаров и неговиот Нант за ривали ги има најсилните екипи во францускиот шампионат.