Германски Лајпциг е четвртиот член во Б групната фаза од женската Лига на шампионите и ќе игра заедно со Вардар. На квалификацискиот турнир во Шпанија, Германките во финалето го победија австрискиот Хипо со 32-30 (15-16). Не помогнаа ниту 14-те гола на Ачимовиќ за Хипо, кој првпат нема да игра во групната фаза од ЛШ.