Екипата на Штутгарт приреди подвиг и славеше над фаворитот Рајн Некар Левен (35-30) во рамките на шесттото коло на германската Бундеслига, со што ја забележа првата радост во новата сезона во елитата по пет одиграни кола. „Лавовите“ веќе се во криза, бидејќи во вторникот останаа без Европа, по елиминацијата од Бенфика во квалификациите на Европската лига.