Ракометарите на Кил во 32. коло славеа победа на гостувањето кај Бергишер со 29-26 и повторно за два бода „му побегнаа“ на Магдебург во трката за шампионската титула. Кил ја имаше фаворитската улога, но потешко од очекувањата стигна до важниот триумф.
Македонските репрезенти во Бундеслигата, Филип Кузмановски и Филип Миркуловски, со порази ја завршија годината во најквалитетната ракометна лига во светот.
По поразот на отворањето на шампионатот од фаворизиранот Рајн Некар Левен, екипата на Хановер ја забележа првата победа во новата сезона во Бундеслигата.
Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски имаше добра партија за Вецлар, во бундеслигашката победа над Нордхорн-Линден (35-26) во рамки на 30. коло од шампионатот.
Бундеслигашот Штутгарт, на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, непријатно ги изненади своите навивачи, откако пред своите гледачи загуби од Бергишер со 26-30 (12-18), во натпревар од 15. коло на шампионатот на Германија.
Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски со својот Вецлар со победа ја отворија 2020 година, откако по завршувањето на зимската пауза бундеслигашите им се вратија на националното првенство.
Во рамките на Бундеслигата денес од 16 часот се одиграа три средби на кои настапија нашите три преставници. Пешевски и Штутгарт беа поразени од Бергишер, Талески со еден гол придонесе во победата на Балинген, а Томовски победата на Лудвигсхафен ја проследи од клупата.
Ракометарите на Рајн Некар Левен запишаа нова победа во германскиот шампионат, откако во рамките на 20. коло на домашен терен триумфирaа против тимот на Бергишер со 26-20 (15-9).
Германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен освои нови бодови во германската елита откако на гостински терен кај Бергишер успеа да слави со 25-30 (13-15).
Македонскиот ракометен репрезентатибец, Филип Миркуловски со својот Вецлар се пласира во четвртфиналето на германскиот Куп, откако вчера со минимални 27-28 славеа победа над тимот на Бергишер.
Ракометарите на Вардар ја одиграа првата од трите контролни средби во Германија. Европскиот првак загуби од екипата која испадна од Бундеслигата, поранешниот клуб на Ацо Јоновски, Бергишер со 25-27 (17-14). Овој пораз за екипата на Раул е прв по 2 април, кога вардарци загубија од Металург.
Македоскиот интернационалец Ацо Јоновски со бундеслигашот Бергишер не успеа да обезбеди опстанок во најсилното друштво и покрај победата во последното коло, вчера против Хановер.
Синоќа во „македонското“ дерби на Бундеслигата екипата на Вецлар на Филип Миркуловски, иако пред почетокот на мечот беше голем фаворит, не успеа да слави победа над аутсајдерот Бергишер, каде настапува Ацо Јоновски. Натпреварот во рамките на 30. коло на германскиот шампионат заврши 18-18 и Вецлар направи чекор назад кон излез во Европа.
Уште една екипа во која што настапува македонските ракометар, Вецлар на Филип Миркуловски ремизираше на гостувањето кај аутсајдерот Бергишер (18-18) во рамките на 30. коло на Бундеслигата и направи чекор назад во борбата за излез во Европа.
Дејан Манасков, иако не настапи, излезе како победник во македонското дерби во рамките на 11. коло од Бундеслигата. Рајн Некар Левен на Манасков, како гостин славеше против Бергишер на Ацо Јоновски со 24-26 (12-17).