Во натпревар кој не може да се објасни Вардар покажа дека не е зрел за скокот да игра европско финале. Поразот од 27-21 од ЦСМ Букурешт дури е и претесен како се одвиваа работите во „Ласло Пап Арената“ во Будимпешта. Кога пред повеќе од еден месец во Скопје се славеше името на противникот по ждрепката, во Романија скромно се работеше и со таква филозофија, девојките на Расмусен дојдоа до место во историјата, наместо вардарки. Кој знае дали ќе им се укаже ваква шанса во иднина, со оглед на трудот кој го вложија за да стигнат на Ф4 во Будимпешта.