Ракометарките на Ѓер се првите финалистки во Лигата на шампионите, откако го совладаа романскиот шампион ЦСМ Букурешт со 20-26 во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта. Европскиот шампион водеше во текот на целото прво полувреме, како и на стартот на второто, но ЦСМ Букурешт се врати во игра. Сепак, тоа беше само моментален блесок, па Ѓер бодрен од многубројните навивачи одново се одлепи и полека но сигурно, ја одржа предноста до крајот.