Една од најпроменливите екипи во Лигата на шампионите, првакот на Романија, ЦСМ Букурешт му го нанесе првиот пораз на лидерот во група 1 од главната групна фаза на Лигата на шампионите, француски Мец. Во дуелот во Букурешт, во кој се очекуваше поголема борба, романскиот шампион постојано водеше и поубедливо од прогнозите го победи шампионот на Франција со 32-27 (16-14).