Ракометарите на Мотор Запорожје останаа максимални во СЕХА-групата на Вардар, откако ја запишаа третата победа, овојпат кај Нексе во Нашице од 28-35 (17-15). Иако хрватскиот тим одлично отвори, имаше предност, не успеа да ја задржи и се „скрши“ во вториот дел, па запиша пораз.