Ракометарките на ЖРК Вардар ќе ја имаат петтата шанса да ја освојат титулата во Лигата на шампионите. Противник е рускиот првак Ростов Дон, кој е дебитант на завршните турнири. По официјалната дружба со новинарите, вардарки се дружеа и со големиот број на ракометни вљубеници на „Плоштадот на Хероите“ во центарот на Будимпешта. Сите ракометни фанови, посебно најмладите, бликаа од среќа по средбата со Лекиќ, Радичевиќ, Цвијиќ, Лејно, Лакарбер, Дибирова и Парондо.