Откако е воведен завршниот турнир во женската Лига на шампионите, тој се одржува во салата „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта. Главниот град на Унгарија е одличен домаќин на најдобрите четири тима во женска конкуренција, и секоја година организацијата напредува. Во пресрет на денешните два меча од полуфиналето меѓу Ѓер и ЦСМ Букурешт, како и Ростов и Вардар, организаторот се потруди да ги забавува навивачите во салата и гледачите пред ТВ екраните. Најпрво на видео бимот во салата имаше моменти од почетоците на женската Лигата на шампионите, а потоа повеќе танчери и артисти направија одлично шоу за публиката.