Скромен почеток, блескава средишница и тажен крај – вака може во три чина да се подели петтото финале на Лигата на шампионите во ракомет за жени, кое донесе трета круна на домашен терен за Ѓер, а втор последователен пораз на ЖРК Вардар. Блескавите инвидуални партии на Аморим, Лејно, Грот, Лекиќ ја одушевија ракометната публика. Штета што спортската фортуна пак ги послужи Унгарките, а вардарки ги остави без хепи-енд во прекрасната петгодишна приказна.