Тимот на ЖРК Вардар од следната сезона нема да го гледаме во ваков состав и нема во Скопје да ги гледаме ѕвездите на европскиот ракомет. Дуелот против Ѓер беше последен за Лекиќ, Радичевиќ, Цвијиќ, Лејно, Пенезиќ...Но и без нив, Вардар со повеќе македонски репрезентативки во ростерот го победи убедливо Металург. По завршувањето на мечот, управата на „црвено-црниот“ тим им се заблагодари на сите ракометарки за тоа што го направија за македонскиот клуб во изминатите пет сезони.