Вторпат во Женската лига сезонава, ЖРК Металург извојува победа против ЖРК Вардар, откако во „Автокоманда“ славеше со 21-18 (10-7) и се врати на лидерската позиција на табелата. Вицешампионот водеше во текот на сите 60 минути и не дозволи противникот да се доближи и да ја доведе победата во прашање.
Подмладениот состав на ЖРК Вардар запиша нова победа во женската Прва лига и во СЦ „Јане Сандански“ во еден супервозбудлив натпревар славеше над Пелистер (24-22).
Петтата рунда од Женската лига ја одбележаа убедливите победи на сите фаворити, а интересни дуели се одиграа во Гевгелија и Скопје, каде домаќинките прославија триумфи против прилепска Деспина и Стружанка.
Во третото коло на Женската лига, ЖРК Металург го декласира тимот на ЖРК Вардар на гостински терен. Тимот од Автокоманда победи со убедливи 18-27 (9-13). По пет години на недопирлив Вардар, со светски ѕвезди во својот состав, ЖРК Металург конечно доби можност да врати за бројните порази во изминатите неколку години.
Ракометарките на ЖРК Вардар, по ремито на домашен терен против ЖРК Куманово во првото коло, ја остварија својата прва победа во Женската лига, откако славеа на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле со убедливи 6-42.
Ракометарките на ЖРК Куманово, иако најавуваа атак на титулата, очигледно дека нема толку лесно да се радуваат како што мислеа пред стартот на новата сезона во Женската лига. Иако ЖРК Вардар има кадетско-младински тим, одолеа на гостинскиот тим и може да жали што не успеа да го освои цел плен.
Со натпреварот против ЖРК Вардар, тимот на ЖРК Куманово, ќе ја започне новата сезона во Женската лига со огромни амбиции, кои во повеќе наврати беа искажани од раководството и ракометарките.
Данскиот тренер Ким Расмусен во интервју за унгарските медиуми зборуваше за авантурата во македонски ЖРК Вардар и истакна дека клубот не бил трпелив со него и премногу брзо двете страни решиле да се разделат.
По шесте титули во домашното првенство на Македонија и петте настапи на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, ЖРК Вардар денес почна ново клупско поглавје. Со нова и млада екипа влегува во новата сезона во првенството на Македонија, со амбиција и желба во иднина повторно да се врати на ѕвездените европски патеки.
На еден месец пред почетокот на новата натпреварувачка сезона ќе почне продажбата на сезонските билети на СЕХА шампионот, Вардар. Во продажба прво ќе бидат пуштени сезонските билети, и нивната продажба ќе трае од 6 август до 31 август.
Македонската младинска репрезентативка и доскорешна членка на ЖРК Вардар, Леонида Гичевска, во следната сезона ќе настапува во големиот ривал на „црвено-црните“, кој пет години по ред го освојуваше второто место во Женската лига.
Иако беше најавено дека во Женската лига претстојната сезона ќе играат девет екипи, сепак во последен момент се пријави и екипата на Стружанка од Струга, која по неколку години пауза се враќа во елитното друштво.
Српската ракометарка и поранешниот член на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ, е избрана за најдобра ракометарка на екс-ју просторите од страна на традиционалниот избор на популарниот сајт „Balkan-Handball“.
Единствен сигурен македонски претставник во женската Лига на шампиони во претстојната сезона ќе биде десното крило Сара Ристовска, која со словенечкиот првак Крим се најде во група со европскиот шампион Ѓер.
Можеби беше за очекување дека ЖРК Вардар нема да се пријави за настап во најелитното клупско европско натпреварување, Лигата на шампионите, но не беше за очекување дека нема да се пријави во ниту еден од другите европски Купови.
Иако подолго време беше јасно, денеска ја добивме и официјалната потврда. Женскиот првак на Македонија, ЖРК Вардар, следната сезона нема да игра во најелитното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Македонија нема да има претставник во женската Лига на шампионите во следната сезона! Откако тимот на ЖРК Вардар доживува комплетна реконструкција и нема да има скапи интернационалки, од раководството на македонскиот првак се решија да не пријавуваат екипа во Лигата на шампионите.
На проектот наречен ЖРК Вардар му дојде крајот. Девојките во „црвено-црната“ опрема си кажаа збогум и си посакаа среќа во новите клубови, а една од најемотивните при разделбата со колешките беше „македонската снаа“ Јованка Радичевиќ.
Хрватска интернационалка Андреа Чанаџија ја одигра последната сезона во кариерата, а натпреварот во Будимпешта против Ѓер сигурно ќе го памети до крајот на животот. Таа вели дека уште одамна решила да стави крај на кариерата.